Играта многу потсетува на популарниот Супер Марио од 90-тите години. Само што овој пат наместо желки и слични створови, новиот американски претседател се бори против свињи со кармин, питбули, руси и лоши директори на нафтени компании.


Скока по Аљаска, собира американски знамиња и добива нови животи ако собере одреден број знамиња. На крај го чека Сара Палин, кандидатка за потпретседател на Републиканската партија. Таа е на моторна санка па Обама мора да најде начин како да ја победи.

Играта може да се игра онлајн а веќе има постигнато голема популарност. Авторите на играта планираат да направат уште нивоа во Илиноис, Аризона и Вашингтон.

Играта можете да ја заиграте овде