Дисплејот е со димензии 4 х 3 метри и емитува дигитален сигнал со врвен квалитет. Таква дигитална технологија моментално се користи на плоштадите во Њујорк, Токио, Лондон и во другите светски центри.
LCD дисплејот работи подеднакво добро на дневна светлина и ноќе и е отпорен на надворешни влијанија. Тој деновиве комплетно ќе биде опремен и официјално ќе започне со работа.
На LED дисплејот кој е сопственост на охридската компанија “City light media“, покрај рекламни спотови ќе може да се емитуваат и преноси во живо, а интерес за рекламирање веќе покажале неколку големи реномирани компании.