Марко Пејчиновски плива со извонредно темпо кон новиот, до сега никогаш не остварен спортски подвиг на Охридското Езеро. Тој од попладнево плива на релација Охрид – Струга – Св.Наум – Охрид, во должина од 64 километри..

Како што информира неговиот тим, Марко е на неколку километри пред  манастирот Свети. Наум Охридски.

Со овој подвиг, Марко ќе ја оствари зацртаната цел летово да преплива 10 дестинации на Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри, што ќе биде историски подвиг до сега невиден на овие простори. Марко, како што кажа пред почетокот на летото во разговор за OhridNews, сите овие подвизи ги прави со силна мотивација која сака да ја пренесе на целата нација, посочувајќи дека нема неостварливи цели и непремостливи препреки.

Се очекува Марко да го заврши препливувањето на 64 километри долгата делница во недела наутро на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Г.М.