Славната убавица Алесандра Амбросио одмара на Хаваите со своето семејство, но папараците исто така ја следат на секој чекор. Бразилската манекенка уживала во сонцето и морето, а најмногу се забавувала со ќерката Ања со која отишла на возење со даска.

Иако нејзиното синче Ноа не било претерано расположено за капење, ангелот на Викторија Сикрет сепак успеала да одвои малку време и за вереникот Џејми Мазур. Алесандра ја покажала својата веќе добро позната фигура во неколку бикини костуми, а очигледни на ваква секси спуер мајка не и треба фотошоп бидејќи изгледа сјајно.