Утре (петок) ќе се рестартираат возбудувањата во македонскиот клупски ракомет.
На програмата се два заостанати натпревари од А и Б групата. Во групата А силите ќе ги одмерат Голден Арт КЛ7 – Пролет, додека во групата на Б на мегдан ќе излезат екипите на Металург и Работнички.
Составот на Охрид мечевите во Супер лигата ќе ги продолжи в недела со дуелот против Астраион од Струмица. Натпреварот се игра во 18:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
„Гладијаторите“ се лидери во групата А со четири победи во исто толку одиграни натпревари, а второпласиран е тимот на Струга со 10 бодови.
OhridNews