Ракометната федерација на Македонија на конференција ги одреди датумите за продолжението на Супер лигата, почетокот на плејофот и Купот на Македонија.
Регуларниот дел од Супер лигата ќе продолжи на 12 март, а четирите преостанати натпревари од шампионатото ќе се доиграат до 3 април.
Плејофот ќе стартува на 20/21 април, а првата рунда од Купот ќе се одигра во паузата меѓу регуларниот дел и плејофот во Супер лигата.
Годинава дел од плејофот ќе биде и екипата на Охрид која есенската полусезона во Супер лигата ја заврши на делба на втората позиција со Прилеп.
OhridNews