Иако претходно беше најавен 16 октомври како датум за рестарт на сезоната во Супер лигата, тоа ќе се случи два дена порано, односно на 14 октомври.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи да ги промени деновите и наместо петок-понеделник, да се игра среда-сабота.

Промената во распоредот важи за Групата А која беше прекината поради масовната заразеност во КЛ7. Покрај на 13-ти октомври, екипите ќе играат на 17 октомври, 21 октомври, 24 октомври и 28 октомври, кога се очекува да завршат натпреварите од групата А. Но, да биде се според планот треба тестовите на сите ракометари, стручниот штаб и логистиката да бидат негативни.

Во Групата Б мечевите ќе продолжат на 22 октомври и за само една недела ќе заврши првиот круг. Во Групата Б се одиграа две рунди, кога во Групата А беа стопирани мечевите.

Охрид в среда на 14 октомври ќе се сретне со Радовиш, три дена подоцна со Пролет, а на 21 октомври на програмата е „Езерското“ дерби со Струга.

OhridNews