Екипата на Борец од Велес со 26-20 го совлада младинскиот тим Вардар во бараж мечот во Прилеп и избори опстанок во елитното суперлигашко друштво.


Со опстанувањето на Борец се комплетираа десетте екипи кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Супер лигата.

Четврта година по ред дел од елитната ракометна лига во Македонија ќе биде и Охрид кој минатата сезона имаше историски успех пласирајќи се во плејофот и завршницата во Купот на Македонија.

Ппокрај охридскиот ракометен клуб и Борец во Супер лигата ќе се натпреваруваат Пелистер, Работник, Макс Струмица, Прилеп, Работнички, Тинекс Пролет, Радовиш и Вардар Јуниор.

Шампионот на Македонија, Вардар и вицешампионот Металург ќе се приклучат во плејоф мечевите кои се играат по завршување од натпреварите во регуларниот дел од Супер лигата.

Мх.П.