Дефинитивно, коронавирусот е најголем противник на ракометот во Македонија. Супер лигата се наоѓа пред нова принудна пауза на не одреден период, откако заразени ракометари пријавија екипите на Пролет и Еурофарм Пелистер 2.
Составот на Пролет најпрво имаше еден позитивен ракометар, а тестирањата на цела екипа донесоа разочарувачки резултати со нови осум позитивни случаи. Ситуацијата во битолскиот клуб е нешто подобра, бидејќи „фармацевтите“ добиле (само) два позитивни тестови.
Сезоната беше прекината после ковид случаите во Голден Арт КЛ7, а потоа заразени со вирусот пријавија Струга, Охрид, Работнички…. РФМ го означи 21 октомври како датум за рестарт на сезоната, но екипите побараа недела дена плус за подготовки, на што куќата на ракометот одговори позитивно.
Потоа, како датум за рестарт на сезоната беше одбран 24 октомври, но после најновите позитивни случаи во Пролет и Еурофарм Пелистер 2, се поставува прашањето дали за нецели десеттина дена ќе се создадат услови за ракомет, или ќе има ново одложување.
РФМ сигурно не седи со скрстени раце и прави планови, бидејќи паузата во мак-ракометот не оди во прилог ниту на ракометарите, ниту пак на клубовите.
Мх.П.