Охридските ракометари в среда против Зомимак во Струмица ќе го одиграат претпоследниот натпревар од регуларниот дел во Супер лигата.
Во втората полусезона составот на Зомимак е далеку од формата во која беше во првата кога ги „мелеше“ противниците без никаков проблем.
Охриѓани сигурно нема да одат со бело знаме на гостувањето кај лидерот бидејќи во последниот гостински натпревар нема што да изгубат.
После овој натпревар на „гладијаторите“ им останува уште домашниот натпревар со Металург Јуниор.
Мх.П.