Екипата на Вардар Јуниор направи чекор назад во амбициите за пласман во плејофот откако неочекувано претрпе пораз од Борец 29-26 (13-13) пред своите гледачи.


Велешани со борбена игра во текот на целиот натпревар успеаја да го шокираат противникот кој очигледно ги имаше бодовите запишано однапред.

Во вториот натпревар од петочната програма Работнички со 26-20 го совлада Пелистер и се изедначи со охридските ракометари на табелата.

Триуфмот на Борец во Скопје оди во прилог на ракометарите на Охрид кои в недела со победа над Радовиш речиси ќе го обезбедат пласманот во плејофот.

Ohridnews