Втората рунда од плејофот во Супер лигата помина во знакот на гостински екипи, кои имаа позитивен ефект, забележувајќи две победи и едно реми, во четирите мечеви.
Победи на гостински терен извојуваа Вардар кој славеше со 23-19 во Охрид и Пролет кој победи на гостувањето кај вториот тим на Еурофарм Пелистер со 23-21. Бод освои Металург против Струга, ремизирајќи 28-28.
Честа на домаќините ја одбрани Еурофарм Пелистер кој со 28-23 го совлада Бутел Скопје.
Победите на Вардар во Охрид и на Еурофарм Пелистер против Бутел и максималниот ефект во досегашниот дел од плејофот во Супер лигата, се одлична најава за меѓусебниот дуел помеѓу аспирантите за висок пласман, во следната трета рунда.
- Резултати:
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 28-23
Охрид – Вардар 19-23
Струга – Металург 28-28
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 21-23
Табела: Еурофарм Пелисте 6, Вардар 6, Пролет 6, Бутел Скопје 3, Металург 1, Струга 1, Еурофарм Пелистер 2 0, Охрид 0.
- 3.рунда:
Бутел Скопје – Струга
Металург – Еурофарм Пелистер 2
Пролет – Охрид
Вардар – Еурофарм Пелистер
OhridNews