Ракометарите на Вардар со убедлив триумф 41-26 над составот на Прилеп го почнаа походот кон титулата во македонскиот ракометен шампионат.
Гостинските ракометари само десет минути беа рамноправен противник на домашниот состав, кој настапи со комбиниран тим.
Натпреварите од Супер лигата, Вардар ќе ги искористи за кревање на самодовербата пред мечевите со Киелце во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.
Се освен титула со максимален учинок за „црвено црните“ во Супер лигата ќе биде вистинско изненадување поради големата разлика на квалитет.
Мх.П.