Кошаркарите на Блокотехна експресно им се вратија на победите во Супер лигата, откако во третата рунда со 105-80 (30-28, 30-9, 23-24, 22-19) го совладаа тимот на АВ Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“.

Избраниците на Марјан Илиески до победата стигнаа со маестралната игра во втората четвртина која ја добија со 30-9. Во првиот квартал гостите поведоа со два поени (30-28).

Третиот период охридските кошаркари го добија со 24-23, а гостите во четвртиот имаа позитива од три поени 22-19 за конечни 105-80.

АВ Охрид ниту во третиот меѓусебен дуел со Блокотехна не успеа да најде начин за победа и останува со негатива скор против составот кој има високи цели во кошаркарката елита.

Во четвртата рунда АВ Охрид гостува во Гостивар, додека Блокотехна на домашен терен ќе го пречека тимот на Куманово. 

OhridNews