Лидерот на табелата во плејофот од Супер лигата, Вардар запиша нови бодови на своето конто победувајќи го тимот на Работнички со високи 18 голови разлика 39-21.
„Црвено црните“ фаворитската улога ја потврдија во првите десет минути по кои имаа веќе предност од седум голови (11-4). Од минута во минута водството на Вардар се зголемуваше за 22-12 на крајот од првиот дел.
Со ист ритам избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез продолжија во вториот дел за убедлива и рутинска победа (39-21).
Најпрецизен во составот на Вардар со осум голови беше десното крило Даниел Шишкарев, средниот бек Лука Циндриќ реализираше пет, а три пати успешно реализираше Тимур Дибиров.
„Црвено црните“ со овој триумф го задржаа стопроцетниот ефект во плејофот пред мечот со Металург во Автокоманда кој ќе решава за титулата.
OhridNews