Екипата на Пелистер ќе направи тренерска смена и кормилото во некогашниот шампион на Македонија ќе го преземе Петко Босеовски.
Поранешниот ракометар на „зелено белите“ на клупата ќе го наследи Игор Николовски кој ќе остане во клубот како помошник тренер.
Пелистер со лошиот старт во новиот шампионат ги загуби шансите за пласман во плејофот па промената на тренерското место е помалку очекувана.
„Зелено белите“ години наназад неможат да застанат на здрави нозе и да се вратат на шампионските патеки по кои чекореше клубот во минатото.
Ohridnews