Пелистер и Охрид со победи над Работнички и Вардар Јуниор ги завршија мечевите во Супер лигата за 2016 година и си обезбедија топла и мирна зима.
„Зелено белите“, лесно, пред своите гледачи се справија со Работнички совладувајќи го со убедливи 36-21, додека охридските „гладијатори“ со 31-27 ги победија младинците на Вардар.
Со бодовите освоени во 14-та рунда, Пелистер и теоретски обезбеди пласман во плејофот, а на Охрид му треба уште еден бод во преостанатите четири мечеви за и математички втора година по ред да се борат против најдобрите во Супер лигата.
Третата позиција на табелата ја осигура Еурофарм Работник кој на домашен терен со пресврт го совлада тимот на Пролет.
За четвртото последно место кое води во плејофот ќе се борат пет екипи, односно Борец, Прилеп, Радовиш, Пролет и Металург 2.
Резултати: Прилеп – Радовиш 24-28, Еурофарм Работник – Пролет 30-25, Металург 2 – Борец 29-31, Пелистер – Работнички 36-21, Вардар Јуниор – Охрид 27-31.
Табела: Пелистер 34, Охрид 31, Еурофарм Работник 28, Борец 23, Прилеп 20, Радовиш 19, Пролет 19, Металург 2 18, Вардар Јуниор 11, Работнички 0.
OhridNews