Лидерот на табелата Зомимак и Тинекс Пролет забележаа победи на гостински терен во шестата рунда од Супер лигата.


Струмичани со 27-23 ја совладаа Преспа додека „пролетерите“ со 25-24 ја освоија охридската тврдина „Билјанини Извори“.

Резултати : Металург 2 – Пелистер 29-24, Охрид – Пролет 24-25, Работнички – Текстилец 38-25, Прилеп – Радовиш 29-27, Преспа – Зомимак 23-27.

Табела : Зомимак 18 бодови, Металург 2 15, Прилеп 10, Охрид 10, Пролет 9, Работнички 9, Радовиш 9, Пелистер 6, Преспа 3, Текстилец 0.

Мх.П.