В сабота со почеток од 18 часот, а не в недела охридските ракометари ќе го одиграат мечот од Супер лигата против Куманово на домашен терен.

Покрај промената на терминот, целта на избраниците на тренерот Горан Андоновски останува иста, победа !

– Без разлика кога и каде играме ние одиме на победа. Така ќе биде и в сабота, а за тоа ќе ни треба поддршка од публиката која е нашиот осми играч – рекоа од клубот.

По четири одиграни натпревари охриѓани имаат една победа, едно реми и два порази што ги сместува на средината од табелата.

Мх.П.