Екипите на Вардар Јуниор и Борец ги поделија бодовите ремизирајќи 31-31 (17-13) во тензичниот натпревар кој го одиграа во спортската сала „Кале“ во 6-та рунда од ракометната Супер лига.
Ремито на крајот беше и најреален исход, иако Борец имаше меч топка за победа, која Илиев не успеа да ја реализира од седум метри по истекување на времето на семафорот.
Првиот дел им припадна на домаќините добивајќи го со 17-13, а во вториот доминираа гостите што им донесе предност на семафорот, но не и победа.
Во последните секунди од мечот по еден фаул на средината од теренот зовреа страстите и настана мешаница, која на крајот резултираше со четири црвени картони по два за двете екипи.
Со победа над Металург 2 (38-24) ракометарите на Еурофарм Работник ги залечија раните од поразот од Тинекс Пролет по кој го загубија чекорот со водечките екипи на табелата.
Во шестата рунда ќе се сретнат уште Пелистер – Охрид, Пролет – Радовиш и Прилеп – Работнички.
OhridNews