Црногорскиот ракометар Филип Кривокапиќ и Бобан Блажески се помеѓу играчите кои ја одбележаа 13-та рунда во Супер лигата. Тандемот Кривокапиќ-Блажески со 17 погодоци му пресуди на Радовиш и донесе нова победа на Охрид во суперлигашката конкуренција.

За Кривокапиќ ова е трето признание вкупно сезонава, додека Блажески трет пат во серија се наоѓа помеѓу најдобрите во Супер лигата. „Гладијаторите“, констатно имаат свој претставник во идеалниот тим кој не замислив без ракометар(и) од Охрид.

Друштво на охридските ракометари во тимот на колото му прават Даниел Дупјачанец (Металург), Иван Димитриоски (Пелистер), Дејан Кукуловски (Вардар), Мартин Серафимов (Металург), Михаил Аларов (Пролет).

На следниов линк можете да гласате за најдобриот ракометари и да ги поддржите охридските играчи.

OhridNews