Не комплетната прва рунда го даде очекуваниот одговор за учесниците во плејофот но и наговести жестока борба за опстанок во ракометната елита во Македонија.
Екипата на Пролет со гостинскиот триумф во Радовиш 33-20 го завери учеството во плејофот. Радовиш добро го отвори мечот и во играта „гол за гол“ водеше до 7-6. „Пролетерите“ со серија 0-5 дојдоа до водство 7-11. Предноста од четири голови остана до истекот на 30-та минута во првиот дел. Во второто полувреме, Пролет го зголеми темпото на игра, а Радовиш не можеше да го прати ривалот. Разликата растеше и на крајот Пролет славеше со убедливи 33-20. Ласко Андоновски со 11 погодоци беше најпрецизен во тимот на Пролет, додека кај радовишани Ивица Илиев заврши со 9 голови.
Движење на работите во позитивна насока најави составот на Струга. „Црвено белите“ на домашен терен изгубија од Металург 29-24, но мора да се каже дека имаат водство на полувремето (15-14). „Металурзите“ во вториот дел го скршија отпорот на Струга и стигнаа до нова победа. Едно од најновите ракометари во Струга, Самид Мекиќ реализираше осум голови, а во тимот на Металург се истакнаа Марио Танкоски и Милан Поповиќ со пет погодоци.
15-та рунда ќе се комплетира в среда со дербито Бутел Скопје – Охрид.
Резултати:
Струга – Металург 24-29
Бутел Скопје – Охрид
Радовиш – Пролет 20-33
Пелистер – Работнички 33-17
Вардар Јуниор – Металург 2
Табела: Металург 41, Охрид 37 (-1), Пролет 32, Бутел Скопје (-1), Радовиш 22, Вардар Јуниор 18 (-1), Пелистер 17, Металург 2 7 (-1), Струга, 4, Работнички 4
OhridNews