Без изненадувања, со победи на фаворитите и без промени на табелата помина натпреварите од деветтата рунда во македонскиот ракометен шампионат.

Лидерот на табелата Металург со убедливи 36-22 го совлада Радовиш а Охрид ја исполни мисијата на домашен терен совладувајќи го Металург 2 со комбиниран состав со конечни 32-27. Пролет ја преслуша Струга со 38-20 а најтешко до победа стигна Бутел кој со тесни 28-26 славеше против Работнички. Вардар Јуниор во интересна пресметка славеше со 29-25 против Пелистер.

Следната десетта рунда ќе се одигра викендов со што ќе започне втората фаза од регуларниот дел во Супер лигата.

Резултати 9.рунда:

Бутел Скопје – Работнички 28-26

Охрид – Металург 2 32-27

Струга – Пролет 20-38

Вардар Јуниор – Пелистер 29-25

Радовиш – Металург 22-36

Табела: Металург 23, Охрид 22, Бутел Скопје 21, Пролет 20, Радовиш 15, Вардар Јуниор 12, Пелистер 8, Металург 2 4, Работнички 4, Струга 1

OhridNews