Викендов се играат натпреварите од третото коло од плеј-офот во ракометната Супер лига. ГРК Охрид, денеска, гостува во Кавадарци, каде од 19 часот во салата „Јасмин“ се среќава со Тиквеш.
Атмосферата во екипата е одлична, играчите се силно мотивирани и подготвени за предизвикот.
Секоја средба од разигрувањето е финале за ГРК Охрид, така ќе биде и против Тиквеш, максимално борбено и сконцентрирано да се одиграат сите 60 минути за да се стигне до целта и да извојуваме победа, порачуваат „гладијаторите“.
Ракометарите на Охрид на натпреварот со Тиквеш во Кавадарци ќе ја имаат поддршката од најверните навивачи „Рибари“. Тие и денеска ќе бидат осмиот играч на ГРК Охрид кој атакува на местата од врвот на табелата.
Средбата Тиквеш – Охрид може да се следи низ пренос на МРТВ или на YouTube на следниот линк:
По некомплетното 3 коло на плеј-оф табелата во Супер лигата во водство е Вардар со 12 бода пред Еурофарм Пелистер кој има 9 и натпревар помалку. Следат Тиквеш и Е. Пелистер 2 со по 4 бода, Охрид и Алкалоид на петтото односно шестото место имаат по 3 бода, Пролет има 2, а Бутел на осмото место има еден бод по три натпревари.
Г. Момироски
Фото: Архива OhridNews