Охридските ракометари не ја остварија зацртаната цел сезонава во Супер лигата откако не обезбедија место во разигрувањето за титулата.


Една победа и едно реми во осум натпревари со екипите кои се најдоа на првите четири позиции е премалку за исполнување на амбициите од стартот на сезоната.

Охриѓани на гостински терен претрпеа три порази во четири натпревари (Тинекс Пролет, Зомимак и Радовиш), а непоразени успеаја да останат на гостувањето во Прилеп.

Пред своите гледачи „гладијаторите“ беа совладани од Зомимак, Прилеп и Тинекс Пролет, а оружјето во „Билјанини Извори“ го положи само Радовиш.

Избраниците на охридскиот стратег со екипите од долниот дел на табелата имаат речиси перфектен скор што е одлична најава за продолжението од сезоната.

Мх.П.