Ракометарите на Охрид претрпеа пораз во 12 коло од Супер лигата. Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје, актуелниот шампион Вардар го совлада ГРК Охрид 32:25, полувреме 19:14.
Најефикасни на мечот беа Манасков (Вардар) и Озтурк (Охрид) со по 8 погодоци.
И покрај поразот, ГРК Охрид останува во зоната која носи пласман во плеј-офот од Супер лигата.
Супер лига: Шампионот Вардар пресилен за Охрид
Во следното коло, што на програмата е идниот викенд, Охрид во Езерското дерби ја пречекува Струга.
OhridNews
Фото: А. Момироска
Фото галерија