ГРК Охрид го забележа првиот пораз во Супер лигата оваа сезона. Во натпревар од 7 коло „Гладијаторите“ вечерва во Битола загубија од Еурофарм Пелистер 25:22, полувреме 14:09.

Пелистер имаше водство во текот на целиот меч. Охрид во финишот внесе доза неизвесност намалувајќи на -2, но домаќинот не дозволи изненадување на крајот.

Филип Кузмановски кај Пелистер постигна 10 гола, во редовите на Охрид најефикасни беа Мацуока и Ојлески со по 5 погодоци.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески 5, Мацуока 5, Јукиќ 2, Шипинкоски, Тасески 1, Шафранко, Јотиќ 3, Куковски, Крстевски, Пешиќ, Кукуловски 1, Орјоникидзе 1, Бојаниќ 2, Цирар 2, Ѓорѓески.

Со оваа победа Пелистер се израмни со Охрид и Вардар на табелата. Трите екипи имаат по 12 бода, два помалку од лидерот Алкалоид.

Мечот со Пелистер беше генерална проба на Охрид пред мечот од ЕХФ Европскиот куп идната недела на домашен терен со романскиот претставник Потаиса Турда.

Г.М.