Двете првопласирани екипи на табелата во суперлигашката конкуренција, Металург и Охрид ќе имаат сериозни испити на гостински терен во 13-та рунда од шампионатот. Водечкиот Металург во дербито на колото силите ќе ги одмери со Бутел Скопје, додека Охрид гостува кај незгодниот Радовиш.
„Металурзите“ сезонава немаат претрпено пораз, но покажаа одредени аномалии во играта против екипи од горниот дел од табелата. Вистински испит ќе биде гостувањето кај Бутел Скопје, кој претендира за висока позиција на табелата во плејофот од Супер лигата.
Серијата без пораз на „гладијаторите“ ќе биде изложена на сериозна закана во Радовиш. Домашните ракометари ќе атакуваат на победа за останување во игра за четвртата позиција која води во плејофот, а избраниците на Раде Стојановиќ во мечот ќе влезат за задржување на позитивната серија и напад на првата позиција на табелата. Мечот во Радовиш се игра утре со почеток во 18 часот, со директен пренос на ју тјуб каналот на РФМ.
Двојки:
Работнички – Пролет (15:30ч)
Радовиш – Охрид (18ч)
Бутел Скопје – Металург (19ч)
Вардар Јуниор – Струга (19ч)
Пелистер – Металург 2 (3 декември 20ч)
Табела: Металург 32, Охрид 31, Бутел Скопје 28, Пролет 23, Радовиш 19, Вардар Јуниор 15, Пелистер 11, Металург 2 7, Работнички 4, Струга 4
OhridNews