На едно коло од крајот на есенската и четири од регуларната полусезона се надѕираат четирите екипи кои ќе бидат дел од плејофот во Супер лигата.
Лидерот на табелата, Металург со стопроцентен учинок по 13 мечеви и теоретски го завери плејофот, а охриѓани со победата над Радовиш го направија решавачкиот чекор.
„Гладијаторите“ одново покажаа квалитет и карактер иако не го започнаа најдобро мечот со Радовиш кој беше последен во 2015 година на домашен терен.
На Металург и Охрид во ТОП 4 екипите му се придружуваат Прилеп и Работнички кои имаат ист број на бодови (27), а од трката испадна Вардар Јуниор кој од клупата го води Пепи Манасков.
„Црвено црните“ заостануваат девет бодови на табелата, а во игра се 15 бодови до крајот, но распоредот не им оди во прилог на скопјани кои без игра ќе обезбедат опстанок во плејаут лигата.
Резултати : Охрид – Радовиш 35-26, Пролет – Прилеп 26-33, Металург – Металург 2 36-16, Работнички – Пелистер 26-21, Вардар Јуниор – Борец 26-28.
Табела : Металург 39, Охрид 30, Прилеп 27, Работнички 27, Вардар Јуниор 18, Радовиш 15, Борец 13, Пелистер 12, Пролет 12, Металург 2 1.
„Гладијаторите“ со стил се простија од охридската публика
Реакции по натпреварот Охрид – Радовиш
И Радовиш на менито од охриѓани (фотогалерија)
Ohridnews