На едно коло после половината од Супер лигата се надѕираат екипите кои сезонава заедно со актуелниот шампион Вардар и Металург ќе разигруваат за титулата во македонскиот ракометен крем.

Предводник на „големата четворка“ е битолски Пелистер, потоа следуваат Ракометниот клуб Охрид и скопски Пролет, а ги заокружува амбициозниот суперлигаш Еурофарм Работник.

Петтиот на табелата, тимот на Радовиш заостанува пет бодови во однос на „фармацевтите“ кои пак имаат натпревар помалку и ќе биде вистинско изненадување радовишани да им ги расипат сметките на водечките четири.

Резултати: Пелистер – Радовиш 29-23, Вардар Јуниор – Охрид 31-33, Борец – Пролет 24-31, Прилеп – Металург 2 28-27.

Табела: Пелистер 24, Охрид 19, Пролет 19, Еурофарм Работник 16, Радовиш 11, Прилеп 10, Борец 10, Металург 4,Вардар Јуниор 3.

OhridNews