Ракометарите на Охрид ја забележаа третата победа во серија во Супер лигата, откако во четвртата рунда пред своите гледачи со 30-21 (16-12) го совладаа составот на Вардар Јуниор. „Гладијаторите“ во целост ја оправдаа фаворитска улога контролирајќи го водството од почетокот до крајот на натпреварот.

Добриот почеток на охриѓани им донесе предност од 5-1, а потоа и 8-3. Летаргијата ги „отпушти“ на гостински ракометари, кои, прво намалија на 8-5, а стигнаа и до два негатива 10-8.

Сепак, домашните ракометари не дозволија неизвеност до крајот на првиот дел и со серија 4-1 стигнаа до нова предноста од пет голови (14-9). „Вардарци“ намалија еден погодок од негативата за 16-12 на полувремето.

Сите дилеми околу победникот „гладијаторите“ ги решија на стартот од вториот дел. Прво стигнаа до предност 20-14, а во скоро време го дуплираа водството од полувремето. Потоа, домаќините го држеа резултатот под контрола за конечна победа од девет голови (30-21).

Со вториот триумф на домашен терен охридскиот ракометен клуб се искачи во самиот врв од суперлигашката табелата. Во петтата рунда охриѓани гостуваат кај тимот на Радовиш.

Чиста десетка за организацијата и навивањето заслужија „рибарите“ кои беа ветар во грб на охридските ракометари.

РК Охрид: Брауновиќ (14 одбрани), Јовановски, Трајкоски (3одбрани), К. Андоноски 5, Иваовски 2, Блажески 2, Костов 2, Димитриески, Соколов 1, Тасески 7, Ристески 1,Георгиевски 4, Симоноски, Димитријески 2, Петровиќ, Везенковски 5.

РК Вардар Јуниор: Кизиќ (5 одбрани), Петковски (4 одбрани), Анѓеловски (1 одбрана), Димов 3, Јанковски, Кукуловски 3, Нанов 1,Постолов, Карапалевски 7, Атанасовски, Ќосевски, Гашоски, Крстевски 3, Ѓоргиев 1, Атанасовски 3, Цветаноски

Мх.П.