Ракометарите на Охрид забележаа убедлив триумф во натпреварот со вториот тим на Металург. Во рамки на 13то коло од Супер лигата, вечерва во спортската сала ”Билјанини извори”, Охрид славеше со високи 38:26, полувреме 21:11.
Најефикасен играч во редовите на Охрид беше Адамовиќ кој мечот го заврши со 9 погодоци. На голот и вечерва стандардно сигурен беше Трајкоски со 14 одбрани. Во вториот дел Андоноски им даде шанса на сите играчи од клупата.
Со оваа победа, Охрид најверојатно обезбеди пласман во плејофот, кој може да биде потврден со триумф над Вардар јуниор на гости во Скопје идниот викенд кога завршува првиот дел од шампионатот.
Г.М.