Дебитантот во Супер лигата битолски Работник во името на Дејан Пецаковски го донесе седмото засилување пред почетокот на сезоната.
Клубот предводен од македонските ракометни од клупата, Иван Маркоски и Александар Зарков квалитетно се засили речиси на сите позиции и наговести возбудлива прва сезона во елитата.
Што се однесува до Пецаковски, тој е провероно име во македонскиот клупски ракомет. Има акумулирано доста искуство и ќе биде од голема помош за дебитантот во Супер лигата.
Пецаковски има настапувано за најдобрите екипи во Македонија, Вардар, Металург и Макс Струмица, а во минатото го носеше и националниот дрес.
Работник, претходно промовираше шест засилувања меѓу кои и екс играчот на Охрид, Мите Караиванов.
Фото: Архива
OhridNews