Ракометарите на Охрид и Пелистер ги поделија бодовите играјќи 22-22 во 11-та рунда од Супер лигата. Најзаслужен за ремито беше Атанас Поп-Стефанија, кој погоди на пет секунди од истекот на 60-та минута.

Со освоениот бод, кој е 11-ти сезонава охридските сини се зацврстија на средината од табелата во суперлигашкото друштво. Исто бодови колку охридскиот состав има тимот на Овче Поле, кој е следен противник на ракометарите на Охрид.

Табела : Зомимак 33, Пролет 27, Пелистер 22, Радовиш 18, Металург Јуниор 16, Охрид 11, Овче Поле 11, Куманово 9, Преспа 7, Текстилец 7.

Мх.П.