Поразите на Еурофарм Работник и Прилеп во Скопје од Тинекс Пролет односно од Радовиш го лансираа Охрид на врвот кој рутински се избори за триумф против Вардар Јуниор.


„Аптекарите“ го положија оружјето во спортската сала Македонско Сонце, каде изгубија минимално (25-24) од тимот на Тинекс Пролет кој го одигра најдобриот меч сезонава.

Прилеп, пак, претрпе пораз во Радовиш од истоимената екипа со 26-22. Домаќините континуирани имаа водство во натпреварот кое го преточија во триумф.

Вондредната 5-та рунда ќе се комплетира со мечот меѓу младиот состав на Работнички и Пелистер.

Резултати: Тинекс Пролет – Еурофарм Работник 25-24, Охрид – Вардар Јуниор 31-24, Радовиш – Прилеп 26-22, Борец – Металург 2 31-31, Работнички – Пелистер.

Табела: Охрид 12, Пелистер 9 (-1), Еурофарм Работник 9, Прилеп 9, Радовиш 9, Металург 2 8, Тинекс Пролет 7, Борец 4, Вардар Јуниор 3, Работнички 0 (-1).

OhridNews