Екипата на Работнички во првиот меч од пролетната полусезона во елитата ги разрешија дилемите околу патниците во плејофот победувајќи го Прилеп со 34-25.
Со овој триумф „романтичарите“ им се придружија на Металург, Охрид и Прилеп кои заедно со Вардар и Макс Струмица ќе разигруваат за титулата.
„Црвените“ со доминатна игра во текот на целиот натпревар не им дозволија на гостите од Прилеп да се понадеваат на поволен резултат.
Првото коло од пролетната полусезона ќе се комплетира со мечевите меѓу Металург – Пелистер, Вардар Јуниор – Тинекс Пролет и Охрид – Борец.
Ракометарите на Охрид со триумф над Борец во мечот в недела ќе ја заземат втората позиција на табелата и од вицешампионското место ќе се сретнат со Прилеп во следната рунда.
Фото: Gol.mk
OhridNews