Екипата на Работнички прокнижи нови три бода на табелата откако со 26-22 (12-9) го совлада тимот на Тинекс Пролет во првиот натпревар од седмата рунда во Супер лигата.
До шестата победа во седмиот натпревар „романтичарите“ стигнаа во последните десет минути од градската пресметка.
„Пролетерите“ долго време се држеа против искусниот противник, но потклекнаа кога беше најпотребно.
Со триумфот домаќините одново се искачија на врвот од табелата симнувајќи го Металург кој има натпревар помалку.
Седмата рунда од ракометната лига ќе се комплетира со натпреварите Вардар Јуниор – Металург 2, Радовиш – Пелистер и дербито меѓу Охрид – Прилеп додека натпреварот меѓу Пелистер и Металург е закажан за 28 октомври.
Фото : 24ракомет.мк
Ohridnews