Најквалитетниот тим во Супер лигата, Металург лесно се справи со тимот на Работнички победувајќи го со 28-15 во дербито на колото.


„Металурзите“ со добра и цврста одбрана и брзо погодоци од контра напади уште на стартот од натпреварот се одлепија и направија недостижна предност за противниците.

Металург ја забележа втората победа во вториот натпревар додека Работнички има скор победа и пораз.

Со овој дуел се комплетираше втората рунда, а викендов продолжуваат мечевите од третото коло во Супер лигата.

Резултати : Радовиш – Вардар 24-23, Металург 2 – Охрид 20-29, Металург – Работнички, Пелистер – Пролет 30-21, Борец – Прилеп 25-20.

Мх.П.