Екипата на Работнички го освоиот целиот плен во Битола совладувајќи го Пелистер со 20-16 во четвртата рунда од националниот ракометен шампионат.
Во натпреварот со многу малку голови подобро се снајдоа гостинските ракометари на кои токму одбраната им е адутот.
„Зелено белите“ одлично го започнаа мечот, но подоцна потклекнаа пред искуството на ракометарите на Работнички кои ја запишаа третата победа во Супер лигата.
На победи во четвртата рунда се радуваа Металург кој беше подобар од Металург 2 со убедливи 32-19 и Вардар кој како гостин го „здроби“ Борец со 33-17.
Резултати : Прилеп – Тинекс Пролет 30-22, Металург 2 – Металург 19-32, Борец – Вардар 17-33, Пелистер – Работнички 16-20, Радовиш – Охрид (четврток 18:30ч).
Табела : Металург 9 бодови (-1), Работнички 9, Прилеп 9, Вардар Јуниор 6, Тинекс Пролет 6, Борец 6, Охрид 3 (-2), Пелистер 3, Радовиш 3 (1-), Металург 2.
Ohridnews