Екипите на Пелистер и Охрид ги забележаа првите победи во Супер лигата, додека Бутел Скопје, Пролет и Металург останаа максимални после два одиграни мечеви во македонската ракомента елита.

Битолчани максимално ја искористија разнишната Струга и славеа во СРЦ „Тими“ со 26-24 за прв триуфм во новата сезона. Охридските ракометари до сефте победата стигнаа со убедливиот триумф против Работнички 34-22 на домашен терен.

За „два од два“, Бутел Скопје го совлада Радовиш со тесен резултат 29-28, Пролет со 33-32 ги скроти младите „металурзите“ а постарите со 41-17 го преслушаа Вардар Јуниор.

Резултати: Охрид – Работнички 34-22, Струга – Пелистер 24-26, Бутел Скопје – Радовиш 29-28, Металург – Вардар Јуниор 41-17, Металург 2 – Пролет 32-33

Табела: Металург 6, Бутел Скопје 6, Пролет 6, Охрид 3, Радовиш 3, Пелистер 3, Струга 1, Работнички 1, Металург 2 0, Вардар Јуниор 0

Двојки 3.рунда: Вардар Јуниор – Бутел Скопје, Пелистер – Охрид, Пролет – Металург, Радовиш – Струга

OhridNews

Фото галерија: Нова сезона, стари навики во „Билјанини Извори“

Реакции после мечот Охрид – Работнички

Доминатна победа на „гладијаторите“ за успешна премиера пред охридската публика