Ракометарите на Охрид во 4 коло од А групата во Супер лигата забележаа убедлива победа на гостувањето во Куманово против истоимениот противник 22:31 (10:16).

„Гладијаторите“ беа подобар победник во текот на целиот натпревар. Домаќинот резултатски се држеше една четвртина од мечот, по што предноста на охриѓани констатно растеше.

Во вториот дел Охрид продолжи со истото темпо кое кумановци не можеа да го следат. Во еден момент предноста на Охрид беше двоцифрена, а на крај изнесуваше девет разлика.

Најефикасни во редовите на победникот беа Дејан Андоновски, Халил Озтурк и Балша Цејовиќ, со по 6 голови.

Во следното коло Охрид го пречекува шампионот Вардар.

Г.М.