После шест рунди во Супер лигата нема екипа која на изгубила и не го почуствувал горкиот вкус на поразот. Најзаслужна екипа за ваквиот скор е Пролет која во две последователни натпревари ги „патосираше“ Еурофарм Работник и Охрид.
„Пролетерите“ прво ги совладаа „фармацевтите“ па останаа без тренерот Илија Темелковски кој замина токму во Битола. Потоа, без класичен тренер на клупата го победија Охрид во „Билјанини Извори“ кој до овој меч ги газеше своите противници на домашен терен.
Резултати: Еурофарм Работник – Борец, Охрид – Пролет, Радовиш – Металург 2, Вардар Јуниор – Прилеп, Пелистер слободен.
Табела: Пелистер 12, Еурофарм Работник 10, Пролет 10, Охрид 7, Борец 7, Радовиш 7, Металург 2 4, Прилеп 3, Вардар Јуниор 3.
OhridNews