Во 9 коло од ракометната Супер лига, вечерва, ГРК Охрид на гости го совлада РК Прилеп 25:26 (13:14).
Прилеп го отвори мечот со 2:1, по што следеше мини серија на Охрид кој го презеде водството. По првите десет минути беше израмнето 6:6. Периодот на израмнета игра продолжи и во следните минути по што следеше нова серија на Охрид кој во 24 минута се одлепи на + 3 (10:13). До крајот прилепчани успеаја да го намалат водството на противникот за 13:14 на полувремето.
Во вториот дел на гол се чекаше три минути. Прилеп израмни на 14:14. Охрид промаши неколку напади и пенал, а домашниот тим го презеде водството 16:15. Но, Охрид брзо се консолидира и го врати водството. На средина од вториот дел повторно имаше +3 (18:21).
Оваа разлика охриѓани ја одржуваа се до самиот финиш. На две и пол минути до крајот на семафорот стоеше 23:26. Прилеп повика тајмаут по кој домаќините заиграа поцврсто во двата правци и со два гола се вратија резултатски во мечот. Охрид го промаши нападот во последната минута што отвори можност на за Прилеп, но домаќините во завршните секунди не ја искористија можноста да израмнат.
Најефикасен во редовите на Охрид беше пивотот Бојаниќ со 6 гола, Рустемов и Озтурк постигнаа по 5.
Во следното коло третопласираниот Охрид дома го пречекува второпласираниот тим во А групата, Алкалоид од Скопје. На табелата во оваа група лидер е актуелниот шампион Вардар кој, исто така вечерва, го совлада Бутел на гости 23:26.
Г.М.