Екипата на Прилеп изби на првата позиција на табелата во Супер лигата, победувајќи го Пелистер со 32-30 во Битола во дербито на колото.
Пелистер, после победата над Работник во градското дерби важеше за фаворит, но ракометарите на Прилеп со пресврт во вториот дел ја забележаа втората победа која ги лансираше на чело од Супер лигата.
Изненадувачка победа исто така забележа и тимот на Тинекс Пролет, кој како гостин во Скопје го совлада Вардар Јуниор со 20-18.
Резултати: Пелистер – Прилеп 30-32, Вардар Јуниор – Тинекс Пролет 18-20, Борец – Работнички 38-20, Еурофарм Работник – Охрид 18-17, Металур 2 – Радовиш.
OhridNews