Охридскиот ракометен состав в сабота десеттиот натпревар во Супер лигата ќе го одигра во Ресен против екипата на Преспа. Никола Мирков, кој потекнува од Ресен има мотив повеќе за дуелот со своите сограѓани во Супер лигата.

– Секогаш е добро да се вратиш во својот роден град. Јас потекнувам од ракометниот клуб Младост и затоа ќе ми биде мило ако против Преспа победиме и го освоиме целиот плен. Тие се добра екипа и местото на табелата на кое се наоѓаат не говори доволни за нивните квалитети – рече Мирков.

Во првиот натпревар сезонава охридските ракометари го совладаа тимот на Ресен во „Билјанини Извори“ со 31-26.

Мх.П.