В петок со мечевите од првата рунда официјален почеток ќе има новата сезона во ракометната Супер лига. Осма сезона по ред дел од одбраното македонско ракометно друштво ќе биде и Ракометниот клуб Охрид,

Новите возбудувања во мак-ракометот, Охрид ќе ги започне на гостински терен кај дебитантот ГолденАрт КЛ7. Натпреварот кој е еден од поинтересните ќе биде пренесуван во живо на Македонската радио и телевизија. Мечот се игра в петок во 19 часот.

Сезонава, Супер лигата е поделена во две групи по седум екипи. Првите три екипи на табелата од двете групи ќе заедно со Вардар и Пелистер ќе играат во плејофот, додека останатите ќе разигруваат за опстанок во Супер лигата.

OhridNews