Коронавирусот ги создаде првите проблеми во ракометната Супер лига. Тој се појави во составот на Голден Арт КЛ7 кој пријави дури 16 позитивни случаи во играчкиот кадар, стручниот штаб и логистиката на клубот.

Според прописите за третман на лица кои се Ковид19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови.

Од Голден Арт КЛ7 апелираат до сите клубови и целокупната јавност да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, со една единствена цел, спречување на понатамошно ширење на вирусот Ковид19.

OhridNews