Домаќините со три победи во исто толку одиграни мечеви ја одбележаа некомплетната првата рунда од почетокот на плејофот во Супер лигата.
Победи на домашен терен извојуваа Еурофарм Пелистер кој славеше против Струга 28-18, Бутел Скопје кој го победи Охрид 26-22 и Пролет кој приреди мало изненадување, совладувајќи го Металург со 29-26.
Веднаш после поразот од Пролет, екипата на Металург се одлучи за промени во тренерскиот состав. Отказ доби Оливер Димитриески, а во следниве денови Металург ќе го назначи неговиот наследник.
Првата рунда ќе се комплетира со утрешниот меч, помеѓу Вардар и вториот тим на Еурофарм Пелистер.
- Резултати:
Еурофарм Пелистер – Струга 28-18
Пролет – Металург 29-26
Бутел Скопје – Охрид 26-22
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
OhridNews
Фото: Gol.mk