Кошаркарите на АВ Охрид го претрпеа третиот пораз во Супер лигата, откако изгубија во Гостивар од истоимената екипа со 83-66 (21-23, 20-13, 22-10, 20-20).

Охриѓани оружјето во „Младост“ го положија во втората и третата четвртина во кои не успеаја да најдат начин за добрата игра на гостиварчани.

Првиот квартал „галебите“ го добија со 23-21, но вториот и третиот ги загубија со 20-13 односно 22-10 за убедлива негатива пред решавачкиот квартал. Гостивар ја задржа предноста и успеа да стигне до првата победа во Супер лигата.

Поентерски во тимот на Гостивар се истакнаа Димчевски со 23 кошеви, Тасоски со 17 и Магдевски кој реализираше 16. Двоцифрен учинок кај охриѓани имаа Ахметбашиќ (17), Рос Кенет (14) и Јанески (12).

Во следната петта рунда АВ Охрид на домашен терен го пречекува МЗТ Скопје, додека Гостивар силите ќе ги одмери со Куманово.

OhridNews