Ракометната федерација на Македонија четири од петте натпревари во претпоследната рунда од Супер лигата ги закажа за в недела во 15 часот.
Меѓу четирите дуели кои ќе се одиграат в недела во исти термин е мечот меѓу Охрид и втората екипа на Металург.
Со закажување на сите натпревари во исти термин се избегнува можноста за калкулирање и заткулисни игри.
Единствен натпревар, кој ќе се одигра ден претходно е дуелот во Битола, Пелистер – Работнички.
Мечот во „Билјанини Извори“ ќе го судат скопските судии Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Двојки : Охрид – Металург 2, Тинекс Пролет – Прилеп, Текстилец – Преспа, Радови – Зомимак, Пелистер – Работнички.
Табела : Зомимак 48, Прилеп 31, Металург 2 30, Радовиш 30, Пелистер 27, Пролет 27, Охрид 23, Работнички 14, Преспа 6, Текстилец 1.
Мх.П.